Неготино ги додели општинските награди и признанија
Објавено на 6 ноември, 2015 во 14:53
Неготино денеска го одбележува денот на ослободувањето, 8 ми ноември. Се одржаа повеќе активности за одбележување на празникот, а советот на општината одржа свечена седница на која беше доделена наградата 8 ми ноември и општински признанија.
Со одлука на советот општинска награда ја доби Трговското друштво “Ролопласт ДООЕЛ“ од Неготино за остварени резултати од областа на стопанството.
Кристина Тодорова, иноватор од Неготино, трио Грациозо-состав за класична музика, Трајко Недев-шаховски работник од Неготино, археологот м-р Горан Санев и бодибилдерот Тоше Зафиров добија признание „8 ми ноември“ за достојно претставување на општината во земјава и надвор од неа./А.Д