Возач на автомобил повреди пешак во Неготино

Објавено на 18 јули, 2017 во 20:40

Сообраќајната несреќа се случила во понеделникот, доцна попладне, на главната улица во градот кога патничкиот автомобил марка „форд фокус“ со неготински регистарски ознаки управуван од четириесетгодишниот Д.Д. од Неготино го удрил пешакот Д.К.(29) од Неготино додека се движел на тротоар.

 

Возачот го стартувал паркираниот автомобил, тргнал, се качил на тротоарот и го удрил пешакот за на крајот да заврши во инвентарот на „Сити кафе“ и да сопре на тревната површина покрај кафетеријата. Д.К. по ударот се здобил со телесни повреди и бил префрлен во Здравствениот дом во Неготино.

Според , портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, увид на лице место извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

За десет дена ова е втора сообраќајка во Неготино.

Првата заврши фатално по животот на шеснаесетгодишно момче.

Првата се случи на земјениот пат Војшанци – Неготино, на 8 јули, околу 19.50 часот кога шеснаесетгодишното момче од неготинското село Војшанци управувајќи мопед „херк“ падна на патот, се здоби со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во Итна медицинска помош во Неготино, момчето било пренесено во кавадаречката Болница но им подлегнало на тешките повреди./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.