И Неготино на референдум за или против изградба на можен бегалски камп?!

Објавено на 8 август, 2017 во 12:55

„Единствено ние граѓаните на Неготино, ќе одлучиме дали ќе може да се гради бегалски камп во градот. Никој не може со сила да ни донесе народ од друга држави. Не ги даваме нашите работни места, мирот и безбедноста,“ се само дел од пораките што Неготинци ги напишаа на социјалните мрежи откако беше соопштено дека Неготино е еден од можните градови – центри, опфатен во националната стратегија и акцискиот план за бегалци.

Неготинци сметаат дека градот преставува мирно место за живот и такво треба да остане.

– Нешто се подготвува,а ние не знаеме што ќе биде, останува да видиме.

– Кај има толку капацитет нашата држава да прими бегалци? рекоа Неготинци.

И градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов го дели мислењето на своите сограѓани дека градот нема капацитет да опслужи бегалски камп. Апостолов додаде дека Македонија не поседува капацитет за прифаќање на бегалци како и дека центар за прифаќање на 500 или 1000 мигранти само би ги зголемил проблемите на жителите во општината. Според градоначалникот општината треба да организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат по ова прашање.

Искуството од пред две години кога на Македонија и се случи низ неа да транзитира најголемиот бран на бегалци покажа дека државата беше под силен притисок на ЕУ со вонреден план за нивно згрижување./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.