Лозарите на протест пред „Повардарие“ си ги бараат парите за грозјето
Лозарите од Тиквешијата чие грозје не е сеуште исплатено утринава дојдоа по парите. Ги блокираа двете капии на винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Тие се револтирани поради односот на винаријата и долгото тактизирање.
„Протестираме бидејќо визбата не го почитува договорот кој што е потпишан, има луѓе со неисплатени обврски од 2014 година, проблемот е едноставен треба да ни платат. Трпението ни е при крај. Не не интересира политика. Сакаме да ни платат за она што чесно сме го заработиле“ рече Илија Јанчев член на Иницијативниот одбор за протестот.
Винаријата пред извесен период поднесе кривични пријави против министерот за земјоделство бидејќи биле приморани да откупат поголеми количини на грозје од тоа што реално можеле да купат. Денеска од визбата не го кажаа својот став и не соопштија до кога лозарите да ги чекаат своите пари./А.Д