За шверц на мигранти, уапсен скопјанец
Објавено на 24 октомври, 2017 во 17:28
Десет лица, мигранти од Сирија и Пакистан, биле превезувани во товарно моторно возило марка „Пежо Боксер“ со радовишки регистарски ознаки во понеделникот ноќта на 23 октомври. Околу полноќ нив ги открила полицијата во редовна сообраќајна контрола на регионалниот пат Гевгелија -Неготино. Камионот го управувал дваесет и пет годишниот А.А. од Скопје.
Полицајците од полициската станица од општа надлежност во Неготино го уапсиле и спровеле во полициската станица возачот на камионот. Потив него ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, информираат од СВР Велес./У.Ј