Кран дигалка за двете деца со церебрална парализа доби семејството Иванови
Семејството Иванови од Неготино денеска доби донација за своите две деца со церебрална парализа. Електрична кран дигалка ќе им го олесни секојдневниот живот на родителите при огледувањето на нивните деца. Стефан има 22, а Драгица 14 години.
„Ние одлучивме заеднички да најдеме можност како да им го олесниме секојдневието. Затоа го купивме овој кран-дигалка и во неготвата набавка се вклучија повеќе фактори. Лицето кое доби лото во Неготино донираше поголема сума, неколку граѓански иницијативи од Неготино и неколку хуманитарни луѓе исто така донираа. И „Медикус Хелп како фирма што ги увезува овие апарати, се вклучи со донација при набавката на оваа справа, рече Симон Андов. Тој посредуваше меѓу сите донатори кои се вклучија во оваа хуманитарна активност.
Андов се заблагодари на сите кои се вклучија во оваа хумана работа. Изрази надеж дека овој кран ќе им го олесни живеењето како на родителите, така и на нивните деца Драгица и Стефан./А.Д