Во директен судир загина дваесет и четиригодишен Неготинец во сообраќајка на на автопат, вториот возач се бори за живот
Објавено на 9 декември, 2017 во 15:02
Ноќеска три ипол часа по полноќ автопатот А1 кај местото викано .„Арсова лака“ се случила сообраќајна несреќа во која учествуваале патнички автомобил марка „Сеат леон“ со неготински регистарски ознаки управуван од дваесет и четиригодишниот С.Ј. од Неготино и патнички автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од шеесет и пет годишниот Ѓ.Ч. од Скопје.
Во сообраќајната несреќа на лице мето починал младиот неготинец С.Ј додека скопјанецот Ѓ.Ч. со тешки телесни повреди е пренесен во Општа болница во Кавадарци. Тој се бори за живот.
Увид на местото на настанот изврши екипа од полициската станица од Општа надлежност во Неготино. /У.Ј