Камион удрил пешак во Неготино
Објавено на 24 јануари, 2018 во 09:47
Седумдесет и пет годишен пешак, вчера во Неготино, бил удрен од камион. По ударот старецот се здобил со повреди за што бил пренесен во Здравствениот дом во Неготино каде му била укажана медицинска помош.
Штом лекарите констатирале дека не станува збор за потешки повреди Неготинецот бил упатен на домашно лекување, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
– Несреќата се случила околу 12 часот на улицата Јане Сандански, тогаш возилото марка „ситроен нено“ со неготински регистарски ознаки, удрило во пешакот додека се движело наназад – информираше Додевски.
Увид на местото на случката извршила екипа од полициска станица од општа надлежност Неготино. /У.Ј