Во Неготино ќе се избираат најдобри вина и ракии од домашни производители
Индивидуалните производители на вина и ракии имаат можност со своите производи да се натпреваруваат во рамки на манифестацијата „Недела на виното“ што по повод празникот Свети Трифун се одржува во Неготино.
На конкурсот што го објави општината можат да учестуваат сите домашни производители на вино и ракија, а мостри од своите производи е потребно да достават во општината најдоцна до 9 феврураи.
„Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино“ велат од општината организатор на манифестацијата.
Годинава новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите ќе биде организиран советодавен настан на кој членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентирани оценките, забелешките и сугестиите со единствена цел самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии./A.Д