Неготинец „му собрал“ од дебитна картичка 30 илјади денари на Делчевец
Објавено на 31 јануари, 2018 во 17:51
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против В.П.(23) од Неготино за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој лани, на 4 декември во Кавадарци, во филијалата на Комерцијална банка, од банкомат, со дебитната картичка, сопственост на лице од Делчево, В.П. извадил 30.000 денари./У.Ј