Сообраќајка во Неготино во која е тешко повреден старец
Сообраќајна несреќа се случила во Неготино на раскрсница со улиците „Ц.Кожинков“ и „Д.Груев“ помеѓу патничко моторно возило марка „Даихатсу Фероза“ со неготински регистарски броеви управуван од четириесет и осум годишниот А.К.од Неготино и седумдесет и осумгодишниот пешак Д.Ц.(78) од Неготино, во петокот вечерта околу 19 часот .
Несреќата се случила во момент кога возачот на „Даихатсу Фероза“ поради невнимателно враќање наназад го удрил пешакот. Тој по несреќата го пренел пешакот до Итната медицинска помош во Неготино од каде потоа поради сериозноста на повредите старецот како итен случај, бил транспортиран на скопските клиники.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност во Неготино. Резултатите од увидот ќе треба да покажат што точно се случило на местото на сообраќајката и да послужат при расветлувањето на овој случај./У.Ј