Директорката на неготинската гимназија поднесе оставка
Од морални причини, поради случувањата на екскурзијата на средношколците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“, директорката Менча Зафирова поднесе оставка, информираа од општина Неготино.
„ И покрај одличната соработка и многуте започнати и реализирани проекти помеѓу општина Неготино и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ со цел за подобрување на условите за непречено одвивање на наставно-образовниот процес во училиштето, директорката на оваа образовна установа Менча Зафирова иако не е директно виновна за случувањата за времетраењето на екскурзијата, од морални причини до градоначалникот на општина Неготино Тони Делков достави писмена оставка на функцијата вршител на должноста директор“ – се вели во информацијата од општината.
Градоначалникот Делков ја прифати оставката, се заблагодари на досегашната одлична соработка и најави постапување согласно неговите законски овластувања.А.Д