На автопатот Неготино – Градско, откриени криумчари и група мигранти
Објавено на 6 септември, 2018 во 14:53
Во полициска контрола на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, вчеравечер, среда 6 септември околу 21 часот, откриени се нова група на мигранти и криумчари.
18 илегални мигранти од Авганистан биле откриени во товарно возило марка „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки што го управувал деветнаесетгодишниот А.Н. и осумнаесетгодишниот Л.С., двајцата од с.Слупчане, општина Липково. Возачот и совозачот се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка.
Полицијата по целосно документирање на случајот, против возачот ќе поднесе соодветна кривична пријава. /У.Ј