Во растојание од десеттина минути, вчера, два сообраќајки со тешки телесни повреди на патници во Тиквешијата
Во временско растојание од само 10 минути две сообраќајни несреќи се случија вчеравечер во кои има повредени патници со здобиени тешки телесни повреди. Првата се случи во Неготино, во 19.20часот, на крстосница на улиците „Мaршал Тито“, „Борис Кидрич“ и ул.„Антигона“, во која патнички автомобил марка „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Ѓ.Б.(61) од Кавадарци удрил во пешак Б.С.(83) од Неготино.
Старецот се здобил со витално загрозувачи повреди по неговото здравје за што бил транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје откако во Здравствениот дом му била укажана лекарска помош.
Полицијата од полициската станица во Неготинио изврши увид на местото на несреќата.
Резултатите од увидот ќе треба да ја утврдат причината како се случила несреќата.
По десет минути од првата, во Тиквешкиот регион се случи и втора сообраќајна несреќа поточно на регионалниот пат Градско – Прилеп. Несреќата се случи на крстосница за село Трстеник. Во неа учествуваа патнички автомобил марка „Пежо“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.Н.(57) од село Трстеник и патнички автомобол марка „Цитроен“ со скопски регистарски броеви управувано од М.М.(25) од Скопје.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил „Пежо“, сопатникот Н.Н.(49) од село Трстеник и возачот на патничкиот автомобил „Цитроен“ со сопатникот М.И.(22) од Скопје.
По укажаната лекарска помош во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци лицето Н.Н. е препратена во Клинички Центар – Скопје додека останатите се пуштени на домашно лекуввање. Увид на местото на случката изврши екипа од полициската станица од Кавадарци.
Резултатите од увидот ќе треба да ги расветлат причините на несреќата/У.Ј