За да не дојде до пожар потребно е поголема одговорност
Граѓаните е потребно да посветат поголемо внимание околу безбедноста во својот дом за да не се случи пожар. Од територијалната против пожарна единица Неготино аепелираат да не се остава ручекот на оган кога има итна потреба да се напушти домот. Бидејќи веќе во статистиката се евидентирани неколку поажри токму поради таква неодговорност.
Командирот на неготинската против пожарна единица, Иле Илиев исто така упатува апел до лозарите, кои во наредниот период ќе започнат со интензивно кроење на винавата лоза, да не ги палат лозанките, или пак доколку ги запалат, да не го напуштаат лозовиот насад, бидејќи пламените јазици многу брзо можат да се прошират во околината и да се направи голем пожар.
„ Додека се готви, треба да се биде близу шпоретот, а не кај соседите, на пазар или на социјалните мрежи. Еднаш дури ни се има случено една домаќинка да се загуши од чадот предизвикан од тенџере со грав кое било заборавено на огнот. Лозарите кога ги горат прачките исто така треба да бидат на насадот се додека не се изгасне огнот, рече Илиев.