Пренасочен сообраќајот од автопатот Неготино – Градско на регионалниот пат
Објавено на 28 ноември, 2019 во 16:37
Верижен судир на четири возила, што се случи попладнево, на 28 ноември, е причината за пренасоченот сообраќај од автопатот Неготино – Градско на старот регионален пат.
– Судирот на четири автомобили, кои се движеле во ист правец се случил околу 15 часот. Се врши увид на лице место, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Засега нема повеќе информации за несреќата. Се чекаат резултатите од увидот на полциската екипа на Секторот за внатрешни работи./ У.Ј