Неготинец го нападнал момчето на внуката
Објавено на 16 јануари, 2020 во 10:16
Жител на Неготино вчера, среда 15 јануари, во попладневните часови, физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука. Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски нападот се случил околу 15 часот.
– На ул.„Мaршал Тито”, малолетничка и 19-годишно момче со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот 44-годишен вујко. Според пријавеното, вујкото со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал момчето, бидејќи не ја одобрувал врската, рече Додевски.
СВР Велес работи на расчистување на случајот./У.Ј.