Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zaev negotino1Лидерот на СДСМ денеска од Неготино порача да запрат игрите во парламентот и да се донесат законите кои се пред пратениците. Посочи дека коалицијата со ДУИ функционирала и дека СДСМ е на ставот избори да се одржат на 12 април.

„Може ќе има две третини, може ќе нема, но ред е и чесно и фер пред државата, да се даде шанса да се изгласаат важните закони. Јас сум среќен што денеска продолжи работата на парламентот. Благодарам на флексибилноста на претседателот на парламентот и на сите пратеници. Верувам дека согласно на своите права ќе дадат шанса сите овие закони да бидат завршени и гласани, па да се распушти парламентот. Нема да дозволиме на било каков начин да се тргне од дневен ред, макар и да не се стави на гласање, така важно законско решение, како што се законите за одбрана и јавно обвинителство, изборниот законик, како и пораката за сериозноста на државата, дека не смее да си дозволи министер, да ги крши уставот и законите“ рече Зaeв.

Тој одговарајќи на новинарски прашања информираше дека СДСМ преговара за коалиција и со досегашните коалициони партнери, но и со партии со кои досега нема коалицирано.

„Верувам дека ќе имаме конечни резултати од овие разговори, покрај анализите и разговорите што ги правиме со нив. Многу е важно да имаме и програмски заеднички определби. Потенцирам дека Социјалдемократскиот сојуз има сериозен голем и уникатен коалиционен капацитет заради едно општество за сите, заради сите храбри одлуки кои ги донесовме во минатото. Нема да оставиме тоа да не го искористиме,  нормално, сево функција на сериозна победа и сериозен чист мандат, што ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада. Заради тоа што претстои сериозен процес на вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата“ рече лидерот на СДСМ.

Ангел Данов.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново