Неготинка пронашла туѓа платежна картичка и си пазарела со неа, заработи кривична пријава
Објавено на 18 февруари, 2020 во 08:35
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против М.П.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.
Осомничената на 13 јануари, годинава, пронашла банкарска платежна картичка на лицето Б.К. од Неготино и наместо да ја пријави за изгубена ја употребила при плаќање на трговска стока во четири фирми од Неготино, со што се стекнала со противправна имотна корист./А.Д