Нова детска градинка ќе се гради во Неготино
Објавено на 28 февруари, 2020 во 14:57
161 дете ќе згрижува новата детска градинка во Неготино чија изградба започна денеска.
Претставници на фирмата изведувач, инвеститорот Министерството за труд и социјална политика,надзорот и директорката на детската градинка „ Фемо Кулаков “ извршија вовед во работа за изградба на градинката.
Според планираното, изградбата на новиот објект ќе трае најмногу 16 месеци.
„Во оваа детска градинка ќе може да се згрижат и воспитуваат 161 дете од предучилишна возраст, а со досегашните преземени активности од страна на општината преку адаптација на простори во селата за детски градинки ќе го надминеме проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на дечињата од предучилишна возраст“ информираат од локалната самоуправа./А.Д