Брачен пар од Неготино позитивен на Ковид 19
Објавено на 28 мај, 2020 во 12:32
28.05.2020
Двајца сопружници од Неготино на возраст од 49 години се позитивни на Ковид 19, потврдуваат од Центарот за јавно здравје . Мажот бил вработен во гранична полиција и имал контакт со негов колега кој претходно бил заболен од корона вирусот, па најверојатно и тој е инфициран од него.
Двајцата сопружници се во домашна изолација. Жената била во добра здравствена состојба, а нејзиниот сопруг со покачена температура.
Од Центарот за јавно здравје се следат контактите на новите двајца позитивни на Ковид 19 од Неготино.
Според ин формациите од СВР Велес, со решение во изолација има 11 лица во Кавадарци и 13 во Неготино./А.Д