Маж од село Тимјаник, новозаразен од Ковид 19 во неготинско
Објавено на 18 јуни, 2020 во 10:40
18.06.2020
Шеесет и четири годишен жител на селото Тимјаник – Неготино е позитивен на Ковид 19, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Пациентот е хоспитализиран на скопските клиники поради лекување на други здравствени проблеми, каде е утврдено дека е позитивен на корона вирусот.
Во Кавадарци, засега нема нови случаи на Ковид 19./A.Д