Неготинец нудел лажни работа во Германија, измамил тројца од Виница
Објавено на 26 јуни, 2020 во 15:47
26.06.2020
ОВР Виница поднесе три кривични пријави против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела “измама“, соопштија од МВР.
– Во периодот од март 2017 до април 2017, пријавениот преку интернет оглас „работа во Германија“ објавен на интернет страна довел во заблуда три лица од Виница, на тој начин што лажно се преставувал себеси и нудејќи посредување за вработување во Германија, ги навел оштетените во неколку наврати на негова трансакциона сметка да извршат уплата на парични сретства, во вкупен износ од 156,920 денари, се вели во соопштението на МВР./А.Д