Пo силно невреме, денеска, се санираат последиците во Неготино
6.07.2020
Невреме проследено со пороен дожд, ветер , грмежи и град го зафати вчера попладне Неготино. Во центарот на градот од коритото се излеа Неготинска река, а градот остана без струја. Улиците беа претворени во река.
Веднаш по невремето екипи на ЈП Комуналец и против пожарната единица интервенираа на терен за расчистување на наносите од кал, а се испумпуваше и вода од поплавени објекти.
Вчерашното невреме се случи на само еден ден пред 25 годиншнината од големата поплава што се случи во Неготино на 6 јуни во 1995 година, кога штетите беа огромни.
Невремето е второ за само две недели. Неготинци велат дека при секој по силен дожд се излева Неготинска река и бараат локалната власт да го исчисти наносот во коритото, кој е на почетокот на кејот./A.Д