Семејно насилство во Неготино, маж тепал жена
Објавено на 17 септември, 2020 во 12:46
17.09.2020
Дваесетгодишна жена од неготинско село пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од сопругот М.Д.(22).
Насилството се случило вчерадоцна попладне. Жената го пријавила мажот во полициската станца во Неготино,околу 18 часот.
Полицијата интервенирала.
-Насилникот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./С.А