Неготино изготвува проект за реконструкција на водоводната мрежа
Проект за изградба на водоводна линија, технолошка вода и фекална и атмосферска канализација ќе се реализира во Неготино.
Опфаќа вкупно 16 улици во градот во должина од 260 до 1.175 метри кај кои се детектирани дефекти на водоводот и кои континуирано предизвикуваат загуби на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните.
Како основа за проектот ќе се користат сите расположливи подлоги од кои можат да се добијат потребните информации за микролокациите на просторот, геотехничките услови и законската и техничката регулатива. Реализацијата на проектот е врз основа на добиените податоци од извршената анализа и изработената студија од страна на стручна фирма која изврши детални испитувања на состојбите со водоводната мрежа при што констатира голем број на дефекти кои придонесуваат за создавање на загубите од вода и до 70 отсто.
-Реконструкцијата на водоводната мрежа и евентуалната изградба на резервоар драстично поголем од постоечкиот ќе се финансираат со обезбедени средства од Германската KFV и доколку бидат одобрени и со средства од Светската банка,изјави градоначалникот Ванчо Апостолов./Б.Н.Т