Нормализиран е сообраќајот по автопатот Скопје – Велес
Објавено на 6 јуни, 2024 во 18:40
Центар за управување со кризи информира дека ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известило дека сообраќајот на патниот правец А1 Катланово – Велес е нормализиран во 18: 25 часот.
Сообраќајна незгода што се случи во 13:00 часот на 2 км по патарина Сопот беше причина денеска овој дел на автопатот да биде затворен за сообраќај и пренасочен на патот преку езеро Младост.
Дума.мк