Општина Велес наредниот месец ја започнува реконструкцијата на центарот на градот
Со конференцијата на тема “Паметни решенија Велес – продолжуваме“ започнува реализацијата на европскиот проект за реконструкција на центарот на Велес. Имплементацијата на проектните активности ќе придонесат за разубавување на просторот помеѓу двата јавори и фонтана на плоштад „С`рмаале“ до кружен тек пред поранешната Стоковна куќа. Тоа значи дека тој дел од улица „8 Септември“ станува пешачка зона. Општината проектот го доби пред околу 3 години но не можела да го започне поради зголемувањето на цените на градежните материјали и првично проектираните смарт елементи кои се дел од урбаната опрема и сообраќајот, рече градоначалникот Марко Колев и повтори дека општината не се откажала од намерата за изградбата на подземната и катната гаража пред Основен суд Велес.
При реализацијата на проектот ќе се користат искуствата на градот Љубљана, Словенија. Исто така на конференцијата присутен беше и преставникот на Европска Унија, Мајкл Хуфермагер чие 12 годишно искуство како градоначалник на град во Германија треба да придонесе за меѓуопштинската соработка и подготовка на нови проекти.
Општина Велес проектот го спроведува во партнерство со СЕГ Холдинг. Проектот има буџет од 750 илјади евра, е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата “ЕУ за општините” и Министерството за локална самоуправа.
Распишаниот тендерот завршува на 15 мај,годинава, што значи дека ќе можат да започнат и градежните работи во центарот на Велес
Убавка Јаневска