Осумнаесет годишен велешанец украл повеќе предмети од автомобил

Објавено на 6 јуни, 2023 во 11:58

Осумнаесет годишниот А.Д од Велес, вчера, во 21:00 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес бидејќи украл повеќе предмети од автомобил.

– Тој се сомничи дека истиот ден од патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициската станица во Велес, соопшти Ристе Самаеџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.