Отворен Дневен центар за лица со попречености „Среќа“ во Општина Чашка

Објавено на 25 октомври, 2023 во 16:15

Дневниот центар за лица и попречености во Чашка ќе го користат 12 лица секој работен ден во неделата кои имаат обезбеден престој, храна, нега и стручна помош.

На отворањето на центарот присуствуваа Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриов. Тие официјално го означија отпочнувањето на работата на центарот.

Тренчевска истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да се грижи за лицата со попреченост и да одговара на нивните потреби насекаде во државата.

Градоначалникот Горан Стојановски соопшти дека е задоволен од поддршката на Владата и на Министерството. Исто така дека на работен состанок со министерката Тренчевска разговарале за отворање на вакви центри и градинки во останати населени места на територијата на општината која е една од најголемите во државата.   

Општина Чашка му се заблагодари на МТСП за континуираната соработка и поддршка на граѓаните.

Дневниот центар „Среќа“ е  отворен со финансиски средства на Министерството за труд и социјална политика од буџетот за 2021 година. Финансиските средства се обезбедени за изведување на градежни работи, за реконструкција и адаптација на дел од зграда, транспорт и монтажа на опрема во вкупен износ од 4.275.256,00 денари со ДДВ.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.