Овие ученици на ССОУ „Коле Неделковски“ презентираа научени и стекнаа европски работни практики во Португалија (фото)
Им подготвија пишии, гравче во тавче и уште многу други македонски традиционални специјалитети 10 ученици од од угостителско туристичката струка на ССОУ „Коле Неделковски“ на граѓаните на градот Апулија во Португалија. И ги добија првите воодушевени португалски дегустатори меѓу гостите во хотелот „Аpulia Praia“. Учениците заедно со наставник, ментор од ова велешко средно училиште работеа 21 ден во две смени во хотелот и освен што ја промовираа македонската традиционална храна исто така ја промовираа Македонија како интересна туристичка дестинација. Така ги обезбедија првите португалци кои покажаа интерес да ја посетат нашата земја.
Додека оваа група на ученици готвеа и сервираа храна нивни врсници од електро техничката струка во партнер компанијата „Ferreiroluh“ во градот Барселош покажаа што научиле во своето училиште додека во две смени беа вклучени во производството на елементи и уреди за осветлување. Од покажаните вештини биле задоволни менаџерите на оваа португалска компанија.
Освен пофалбите за нивната работа и во хотелот и во компанијата во Португалија велешките средношколци добија можност да стекнат нови работни вештини кои се практикуваат во оваа држава, членка на ЕУ.
Нивниот престој,работа и екскурзии во Португалија се дел од проектот „The sky in the limit“ што во соработка со Националната агенција за образовни програми и мобилност беше финансиски поддржан од програмата „Еразмус+“. На завршниот настан во ССОУ„Коле Неделковски“ сите беа задоволни од постигнатите резултати. И учениците и наставниците кои ги добија сертификатите.
-Им благодарам пред се на координаторот на проектот, колегата Марјан Панов кој што го осмисли и го аплицираше проектот во националната Агенција пронаоѓајќи ги партнерите пред се од Португалија. Им благодарам на сите ученици кој што достојно ги претставуваа, не само нашето училиште и град, туку и нашата земја во Португалија. Во оваа земја учениците стекнаа голем број на знаења и вештини од електро техничката, машинската и угостителската струка. Благодарност и до дел од социјалните партнери затоа што токму преку ваквите проекти успеваме да им обезбедиме на учениците да согледаат какви вештини стекнале во нашето училиште и какви во земјите членки на ЕУ, рече директорката Весна Стојанова Богоевска.
Дел од проектот е и трета група. Составена од четворица наставници, кои исто така, преку спроведување на мобилност следеа структуриран курс за обука на тема „Интегрирање на ИКТ алатките во наставата, обуката, училницата“. Таа траеше седум дена и стекнаа вештини како и способности за пристап до онлајн ресурси, применувањена ИКТ вештини во наставните области, креирање на флексибилни и приспособливи наставни програми како и употреба на странски јазик и подобрени комуникациски вештини.
Убавка Јаневска
Фото од ученици со сертификати: