Во прекин е телефонската мрежа и интернетот на операторот А1 во Велес
Велешани кои што ги користат услугите на мобилниот оператор А1 неколку часа се без можност да повикуваат или да бидат повикани од и на нивните броеви. Исто така не е во функција ниту интернет мрежата на овој оператор. Корисниците не можат да го добијат ни контакт центарот за да се информираат за причините на нефункционирањето како на телефоните така и на интернет услугите.
Контакт центарот на А1 се добива од останатите мобилни мрежи. Штом се јавите автоматска секретарка ве информира дека во моментот А1 се соочува со технички проблеми на територијата на општина Велес како и дека екипи работат на отстранување на проблемите со телефонските и интернет услугите. Засега не се добива информација за какви проблеми станува збор и за времетраењето на интервенцијата ни дали е предизвикана од тропската температура во градот и Вардарски регион.
Убавка Јаневска