Панче Иванов: Пензиите ќе се зголемуваат два пати годишно во согласност со зголемувањето на платите и трошоците за живот
Минимален достоинствен приход со кој сиромашните граѓани ќе добиваат дополнителен паричен надомест, најави денеска кандидатот за пратеник на Коалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ, Панче Иванов од Велес. Тој рече дека во првата фаза социјалната помош за околу 35 илјади семејства ќе се зголеми за 40 проценти, а ќе се обезбедела и социјална дебитна картичка- солидарност.
Иванов посочи дека ќе се олеснела постапката за добивање на социјална помош, а семеен социјален работник постојано на терен ќе им помагал на граѓаните.
– Планот за живот предвидува изградба на нови и зголемување на капацитетот на постојните детски градинки. Планираме бројот на деца во градинките да се зголеми за 50%. Ќе основаме ДРЖАВЕН ФОНД преку кој ќе се обезбедат средства за издршка на децата во период на судски спор меѓу родителите. Ќе ја вратиме евтината струја, која ќе биде достапна преку целиот викенд, а не само во Недела. Во Македонија има голем број луѓе, кои напорно работеле целиот свој живот, но не исполниле услови за пензија мајки, домаќинки, земјоделци, непријавени работници. Во староста и тие имаат право на достоинствен живот. Затоа ќе воведеме државна социјална пензија за лица над 65 години старост, кои во последните 20 години живееле во Македонија, а не ги остваруваат условите за старосна пензија. Државната социјална пензија ќе биде во висина од 4.800 денари, рече Иавнов.
Иванов најави зголемување на пензиите два пати годишно со зголемувањето на платите и животните трошоци, а за пензионерите со ниски примања, без поддрша од семејството и без сопствен имот, субвенционирано сместување во старски домови.
Иванов им порача на велешани дека федерализација нема да има туку само конфискација на криминално стекнатиот имот на Груевски и неговата фамилија./Д.С