Пеколните температури ги зголемија интервенциите на Итна медицинка помош во Велес

Објавено на 7 јуни, 2022 во 13:42

Временските промени, наглите жештини во почетокот на месец јуни значително го зголемиле бројот на повици во Итна помош во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Во текот на претходната недела од 1 јуни, среда, до 6 јуни, недела, имало вкупно 90 повици за преглед од кои 27 во текот на денот и 63 во вечерните часови.  Бројот на повици особено бил зголемен за време на викендот кога преку ден биле извршени 97 прегледи и во текот на ноќта 53.

–  Изминатата недела на терен од страна на лекар имаше 40 домашни посети преку ден и 39 посети во текот на ноќта. Исто така, беа направени и  50 посети во домашни услови од страна на сестра за аплицирање на терапија и преврски, соопшти д-р Василка Пановска Поп – Стефанова, началничка на Итна помош.

Оттаму велат дека повиците најчесто се за колапси, покачен крвен притисок кај пациентите, мозочни удари и сообраќајни незгоди.

Лекарите советуваат граѓаните да пијат повеќе течности и во текот на денот особено во попладневните часови да не испаѓаат од своите домови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.