Пет активни пожари денеска а вчера изгаснати 49 во државата, три гореле на територија на Општина Велес
На територијата на Македонија денеска активни се пожарите кај Општина Долнени, кај Зрзе кој се шири преку два кракови,прв во правец кон село Рилево, а втор крак кон село Сливје каде горат сува трева и деградирана шума, потоа кон село Кошино каде запалена е ниска вегетација и деградирана шума и од село Костинци кон село Зрзе каде гори сува трева. Во Општина Куманово има еден пожар во атар на село Бељаковце каде гори сува трева и ниска шума. Активен е и пожарот во Општина Гостивар во околината на село Долна Ѓоновица каде гори дабова шума, ниска шума, ливади и грмушки, информира Центар за управување со кризи.
Од таму додаваат дека во текот на вчерашниот ден во Македонија изгаснати се вкупно 44 пожари од кои девет во скопските општини, три во околината како и три во Општина Битола, 10 на територијата на Општина Прилеп, четири во Општина Долнени, пет во Струга и по еден во општините Василево, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Тетово.
Три пожари се изгаснати и во Општина Велес од кои првиот се појавил на Градска депонија за ѓубре, вториот кај село Отовица каде исто така горело ѓубре и третиот кај село Иванковци каде се запалило стрниште.
Убавка Јаневска