Платформа „EduCyberGuardians“ за справување со дезинформации наменета за наставници во основно образование
Тим составен од координатор Зорица Милкова од ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци, одделенски настваник Биљана Стојановска од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Општина Центар, Скопје и ИТ експертот за сајбер безбедност Александар Ацев, се автори на проектот „EduCyberGuardians“ којшто беше промовиран деновиве во Неготино. Проектот е производ на обуката во Камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ – TechCamp Охрид.
Всушност „EduCyberGuardians“ е динамична отворена онлајн едукативна платформа наменета за наставници од основните училишта. Оваа платформа има за цел да ја зајакне медиумската и дигиталната писменост, нудејќи им на наставниците ресурси и обука што им се потребни за подобрување на компетенциите за полесно снаоѓање низ дигиталниот пејзаж. Исто така наставниците да ги образуваат своите ученици да распознаваат веродостојни информации, да ги разберат опасностите од дезинформации и да практикуваат безбедни онлајн навики. Платформата е составена од онлајн интерактивен курс за обука на наставниците, како и дел кој содржи насоки и придружни материјали за да ги поттикне да развијат свои приспособени изборни програми за реазлизација во нивните училници.
„Целта е да се стремиме медиумската и дигиталната писменост да се вградат или да бидат дел од основното образование. Да ги зајакнат компетенциите на наставниците преку актуелни, квалитетни алатки и знаење. „EduCyberGuardians“ ќе се стреми да поттикне иднина во којашто младите ученици не се само пасивни консументи, туку информирани и критички настроени корисници на медиумската и дигиталната содржина,“ рече Зорица Милкова, координаторка на проектот.
Милкова додаде дека подготвената Платформа вклучува автоматски систем за повратни информации. Поточно по секој модул, наставниците ќе можат да ги споделат своите искуства, да предложат подобрувања и да пријават застарени информации или ресурси. Оваа директна линија до корисниците ќе обезбеди „EduCyberGuardians“ да остане одговорна на потребите на наставниците и да се развива заедно со развојот и промените на дигиталната средина.
Модулите од онлјан курсот нема да бидат ограничени со временска рамка, па наставниците ќе можат да ги завршат според своите индивидуални можности. По завршувањето на шесте модули кои се дел од „EduCyberGuardians“, секој наставник ќе се стекне со дигитален сертификат.”
EduCyberGuardians може да се следи на Фејсбук – https://rb.gy/p49vhi, на Инстаграм – https://rb.gy/il7wtq, на Твитер – https://rb.gy/3bkr5w и на ЛинкедИн – https://rb.gy/p68cvc.
Убавка Јаневска