Почина маж од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 15 февруари, 2022 во 14:49
Починатиот бил на шеесет и осум годишна возраст од село Облешево, Кочани.
Во трите одделенија на велешката болница вкупно се хоспитализирани 49 пациенти од кои 39 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 29 пациенти, на Интерно Б одделение пет и на Физикала Ковид одделението 15 пациенти. Од болничките пациенти на кислородна поддршка се 20, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се пет пациенти од кои тројца се префрлени на Физикална – ковид одделението, додека испишани од болничко лекување како оздравени се осум пациенти.
Стефани Манева