Почина пациент од ковид-19 во велешка болница и еден пациент транспортиран на скопска клиника
Објавено на 6 мај, 2021 во 15:41
Починатиот пациент е на 78 годишна возраст од Велес, позитивен и лекуван на Интерно одделение два дена.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 63 пациенти од кои 42 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и 18 се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се вкупно 23 ковид пациенти, соопшти потпаролката на Општа болница Велес, Елеонора Јованова.
Во текот на вчерашниот ден , 72 годишен пациент е транспортиран во Приватна болница – Жан Митрев во Скопје.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 37, на Интерно одделение седум ковид пациенти и во Модуларна болница 19.
Во текот на денешниот ден испишани се 16 пациенти како оздравени со по еден нетагивен тест.
Стефани Манева