Почина жена во Општа болница Велес
Објавено: 6 јули, 2023, во 15:03 часот
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, на 5ти јули, во 16:30 часот од Јавна здравствена установа Општа болница Велес, било пријавено дека на Одделение за невропсихијатрија починала четириесет и две годишната Х.Д од село Јаболчиште, Општина Чашка.
Оттаму додаваат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.
Дума.мк


