Починат маж од коронавирус на Инфективно, во велешка болница опаѓа бројот на лежечки пациенти
Објавено на 25 ноември, 2021 во 10:27
Починатиот маж е на 89 годишна возраст. Тој се лекувал од ковид пневмонија додека боледувал и од хронична белодробна болест, хипертензија и срцева слабост.
Во изминатите 24 часа на лекување е примен еден пациент. Вкупниот број на болнички пациенти изнесува 43 од кои 32 потврдени и еден непотврден. На кислородна поддршка се 12 пациенти.
Со по еден негативен тест од лекувањето се 10 додека испишан од болничко лекување е еден пациенти.На Инфективно одделение се лекуваат 20 и во Модуларна болница 18 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова.
Таа додаде дека во изминатите 24 часа има 30 слободни болнички кревети на Инфективно одделение и 25 во Модуларна болница.
Убавка Јаневска