Починат маж од коронавирус на Инфективно, во велешка болница опаѓа бројот на лежечки пациенти

Објавено на 25 ноември, 2021 во 10:27

Починатиот маж е на 89 годишна возраст. Тој се лекувал од ковид пневмонија додека боледувал и од  хронична белодробна болест, хипертензија и срцева слабост.

Во изминатите 24 часа на лекување е примен еден пациент. Вкупниот број на болнички пациенти изнесува 43 од кои 32 потврдени и еден непотврден. На кислородна поддршка се 12 пациенти.

Со по еден негативен тест од лекувањето се 10 додека испишан од болничко лекување е еден пациенти.На Инфективно одделение се лекуваат 20 и во Модуларна болница 18 пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елена Левкова Ќулумова.

Таа додаде дека во изминатите 24 часа има 30 слободни болнички кревети на Инфективно одделение и 25 во Модуларна болница.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.