Починат не вакциниран 35 годишен велешанец од Ковид-19

Објавено на 31 август, 2021 во 15:41

По седум дневно лекување на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, вчера попладне почина 35 годишен пациент позитивен на коронавирусот и не вакциниран.

-Вкупно се хоспитализирани 44,  од кои  34 се потврдени позитивни, деветсомнителни  и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 39 и на Интерно одделение пет ковид пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, соопшти портпаролката на велешката болница, Д-р Елеонора Јованова.

Денеска од болничко лекување се испишани шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.