Полицијата осомничи и поднесе кривична пријава против три лица за опожарување на викенд куќа во велешко

Сектор за внатрешни работи Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„На 10 мај, годинава во 10:35 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица немало.
По преземени мерки и активности и спроведена истрага на Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес, Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и ОВР Прилеп, било утврдено дека Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата. Ѓ.П. и Д.Д. на 16.05.2025 се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.М,“ пишува во соопштението за јавност на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
