Полицијата откри и ДЗС подигна три гранати од Прва светска војна кај Старо Градско

Објавено на 30 јули, 2025 во 10:44

Во атар на Старо  Градско,  велешко, покрај брегот на река Вардар, вчера утро, во 09:30 часот полициски службеници од Полициската канцеларија Градско пронашле експлозивни направи.

-Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за  една минофрлачка граната 75мм, една артилерска граната 75мм и две артилерски гранати 85мм, кои потекнуваат од Првата светска војна,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.