Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес – Градско
Објавено на 4 јули, 2023 во 09:37
Поради вградување на асфалтен слој, од денеска, 4 јули до сабота, 8 јули, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во н.м Градско, во период од 08:00 до 18:00 часот, соопштија од АМСМ.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк