Повозрасен маж го убил соседот, потоа се самоубил
Убиство и самоубиство било извршено утрово во Демир Капија. Според неофицијални извори, маж пукал во соседот што живеел над него во зграда, кој бил на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија.
Од Министерство за внатрешни работи го потврдија настанот.
„Денеска,16 мај,2023, во 06:50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, информираа од МВР.“
Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров во изјава за МИА го потврдил трагичниот настан, но не кажал детали за случајот. Тој изразил жалење и соопштил дека очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Дума.мк