Повторно два угостителски објекти, вчера ноќ, пуштале погласна музика од дозволената јачина во Велес
Објавено на 4 мај, 2025 во 12:31

Четири ипол часа траела синоќешната акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Велес. Таа, според Сектор за внатрешни работи Велес, започнала во 22:00 и завршила во 02:30 часот.
„ При извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, во два угостителски објекти, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
