Пожар крај село Војница
Објавено на 30 октомври, 2022 во 10:46
Активен е пожарот на подрачјето на Општина Чашка, кај село Војница. Пожарот го гасне екипа од пет вработени во ШС Бабуна. Теренот е тешко достапен, а за да се стигне до подрачјето зафатено со пожар потребни се од 2 до 3 часа.
„За големината на површината на пожарот се уште не е се стигнати информации“,соопштија од Центарот за управување со кризи.
Опожарени се насади со смреки. Поради високата влажност во ноќните часови нема пламени јазици, туку има само задимување.
Убавка Јаневска