Пожар над „Св. Спас“ спречен навреме – интервенирале велешките пожарникари
Објавено: 26 август, 2025, во 11:28 часот
Брзото пристигнување и навремената интервенција на велешките пожарникари вчера спречија поголем пожар над црквата „Св. Спас“ во градот. Поточно во 10:36 часот била примена дојава за запалени кабли над верскиот објект по што двајца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон пријавеното место.
Како што соопштија од ТППЕ Велес, пожарникарите затекнале како гори дива депонија и веднаш пристапиле кон нејзино гаснење. Благодарение на брзата интервенција пожарот бил изгаснат и не било дозволено негово проширување.
Дума.мк

