Претрес во дом на еден велешанец и одземени дрога и куршуми

Објавено на 25 октомври, 2021 во 10:51

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 24 октомври, околу 12:30 часот во Велес ги лишеле од слобода триесет и пет годишниот Л.Л и единаесет години постариот С.Т двајцата од Велес.

При притрес во нивниот дом, извршен по судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош со име на друго лице и други предмети.

Исто така, Л.Л се сомничи дека е сторител на кривично дело „Разбојништво“.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.